Основниот принцип на смути диетата е да консумирате што повеќе здрави намирници во течен облик два пати во денот. Со двата напитоци дневно би требало да имате уште еден конкретен оброк кој треба да содржи здрави билни и животински протеини, како и јаглени хидрати. Овој вид на исхрана за слабеење препорачува еден ден во неделата да не се консумираат напитоци, но и диетата да се користи 21 ден.

Потоа потребна е пауза, а тој циклус може да се повтори кога и да посакате да изгубите килограми.

Оваа диета е всушност мешавина од различни здрви намирници, различно овошје, зеленчук и семки со некоја течна намирница без додаден шеќер. Тоа може да биде млеко, кравјо, кокосово или бадемово, јогурт со пробиотик, чај или дури вода.

Зошто смути-диета?

Оваа диета служи за намалување на несаканите килограми и одржување на правилната телесна тежина. Со оваа диета многу лесно може да се контролираат намирниците и калориите што се внесуваат, а со овој начин на исхрана можете да водите брз, но здрав начин на живот.

Освен што се користи за намалување на килограмите, оваа диета на луѓето што ја користат им дава дополнително ниво на енергија бидејќи е многу богата со хранливи состојки. Со тоа, се подобрува метаболизмот, се забрзува процесто на губење на килограмите, но и решавањето на токсините од цревата и организмот. Чистењето на токсините од телото ви пружа бројни придобивки за чистење на кожата, ја зацврстува косата и сјајниот тен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.