Ако нешто има за да се рине со лопата тоа се лоши пластични операции на кој било дел од телото, а бидејќи носот е највидлив, почнуваме од него. Сме виделе лоши зафати, но како изгледаат добрите?
Во топ три слободно можат да се сместат новите носови на Џенивер Анистон, Скарлет Јохансон и Ешли Симпсон.

Скарлет важи за многу женствена и природна, со облини кои би требало секоја жена да ги има. Таа не се шминка нападно и сите корекции на лицето се изработени речиси незабележливо. Операцијата на носот се забележува ако се спореди тазе фотка со фотографија од детството.

Ешли навистина имала конвенционален естетски проблем, односно грпка на носот, која ја решила многу успешно. со другите зафати го сменила ликот премногу.

ТВ-миченчката Џенифер Анистон се цени токму поради тоа – природниот изглед и непосредниот однос.

А за носост – треба да му се честита на хирургот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.