Бразилската манекенка Луди Делфино ја шокираше јавноста со својот изглед. Моделот и холистички тренер, која ги има красено насловните страници на магазините GQ, Genlux, The Atlanta и Miami Magazine, денот го помина на плажа во Калифорнија, позирајќи во разни бикини на брегот на Пацификот.

Во Санта Моника, 36-годишната моделка беше во друштво на колеги и пријатели, меѓу кои и нејзината многу попозната сонародничка Алесандра Амбросио. Покрај сензуалното позирање крај океанот, моделите позираа во оскудни костими за капење и играа одбојка на песочната плажа.

Иако глетката на привлечни модели во жешки бикини не остави никого рамнодушен, повеќето погледи беа свртени кон Делфино, но, не поради нејзиниот сексапил, туку од загриженост.

Луди изгледа суво и исклучително слабо, па многумина упатија коментари со загриженост за нејзиното здравје.

„Што рекламираш, прегладнетост?“ се вели во еден од коментарите за оваа горосесија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.