Кралицата Летиција е на одмор на Мајорка со семејството, а најновото издание на облека е како што велат модните критичари, многу шик, пренесува „Експрес“.

Шпанската кралица (49) во средата попладне се прошета низ Мајорка во кратки шорцеви кои чинат само 10 евра. Шорцевите со небесно сини пруги се креација на францускиот бренд „Pimkie“, а Летиција ги спои со едноставна бела кошула.

Заедно со овој феноменален морски стајлинг, кралицата носеше чанта со кожни рачки, која се продава за 69 евра.

Кралицата на својот стајлинг додаде очила за сонце „Каролина Херера“ со тркалезна рамка, кои беа и најскапи кај неа – на продажба чинат 189 евра. Што се однесува до обувките, убавата Летиција се одлучи за рамни еспадрили од модниот бренд „Бос“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.