Рускиот кардиохирург Лео Бокерија е познат по своите необични тврдења

Лео Бокерија е кардиохирург што не водел здрав живот. Со години работел по 16 часа секој ден, пушел, пиел, јадел многу чоколадо. Открил дека знаел да излезе од операционата сала, да изеде чоколадо, па повторно да се врати на работа.

Но таквиот начин на живот си го зел данокот, па решил да си го промени животот од корен.

„Во септември минатата година престанав да јадам чоколадо, кое го консумирав во огромни количини: ќе излезев од операционата сала, ќе изедев плочка црно чоколадо, па ќе продолжев да работам уште 5-6 часа. Тоа ми беше како еден вид дрога.

Но со текот на времето сфатив дека тоа веројатно нема да ми донесе ништо добро и ја започнав диетата на американските астронаути, која ги исклучува лебот, шеќерот и солта од исхраната. Симнав 9 килограми и се чувствувам многу попријатно од претходно, додека апетитот и понатаму ми е брутален! Иако моите пријатели се чудат, се чини дека таквата исхрана е добра за мене. Наутро, по правило, одам во операциона сала. Кога ќе помине еден час, јадам свежо сирење и лесен јогурт или јајце (што мојата сопруга грижливо го сварила и го ставила во мојата актовка). Дури кога ќе стигнам дома јадам цел оброк.“

Доктор Бокерија е познат по тоа што смета дека појадокот е смрт за организмот.

„Изреката ‘Изедете го појадокот сами’ е комплетна бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работната состојба, а вие седнувате на маса и јадете чинија полна месо, корпа леб и сето тоа го долевате со чаша некаква напивка.

Одите на работа со преполнет стомак. Тогаш сте си тешки и самите на себе. Кога соработувавме со Американците, забележав дека големите хирурзи наутро, во најдобар случај, пијат шолја кафе. Дури на пладне јадат еден сендвич и тоа е нивниот ручек. Во вечерните часови си доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмораат“, открил доктор Бокерија.

„Значи, појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крајот, прошетајте пред спиење или вежбајте. Од мое искуство, луѓето кои живеат вака, живеат долго и здраво“, заклучил експертот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.