Ѕвездата од австралиското реално шоу „Големиот брат“, Тили Витфелд, целосно си го уништила лицето со „совет“ за убавина кој го пронашла на „Тик-ток“, поради кој завршила во болница.

Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам во куќата, а сега ставам многу шминка или ставам маска од глина за да го сокријам тоа, напишала студентката покрај фотографијата на која лицето ѝ е со црвени лузни.

Таа имала проблем со акните кој на сите начини се обидувала да го реши. Кога го видела видеото на една девојка која тврдела дека знае како да се ослободи од акните со акупунктура дома, Тили го направила тоа. Веднаш после третманот завршила во болница со отоци и изгореници на лицето, а повремено и целосно го загубила видот.

После ова морничаво искуство, таа само едно им порачала на своите следбеници.

Не ги слушајте советите во кои се препорачува дома да направите нешто што инаку би требало да го прават експерти во салони, вели Тили, која сега се кае што некогаш помислила дека советот од интернет би ѝ бил од помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T I L L Y 🍒 (@tillywhitfeld)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.