Кинеската пејачка и актерка Гао Лиу закрепнува од депресија, но и проблеи со носот откако се обидела да се разубави кај надрихирург.

Лиу, која на платформата Веибо ја следат околу 5 милиони луѓе, објави фотографии од мртвиот нос, кој го заработила кај пластичен хирург што ѝ го препорачал пријател.

Операцијата траела 4 часа, а во тие четири часа наместо да заработи убавина, Лиу заработила некриза на носот. Врвот на нејзиниот нос е мртов, а мртвото ткиво е црно, па таа личи на куче наместо на убавица. Освен естетски, некрозата ѝ предизвикува и здравствени проблеми – по операцијата носот ѝ се вкочанува и се воспалува, а кожата станува се потемна и потемна.

Се чувствував толку лошо што помислував и на самоубиство, искрена е Лиу, која ќе мора да почека барем уште една година за да ѝ биде реконструиран носот.

Пластичната хирургија е многу популарна во Кина, особено кај младите под 30 години. Поради големата побарувачка во Кина има повеќе од 60.000 нелиценцирани клиники, шестпати повеќе од официјалните, па квалитетот и безбедноста не се на високо ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.