Познатиот француски моден кратор Жан Пол Готје синоќа се поклони пред публиката на последната ревија на високата мода. Откако пред неколку сезони се повлече од претапорте ревиите, сега веќе нема да прави haute couture ревии и уште пред неколку дена најави дека вчерашната ревија со која слави 50 гоодини кариера ќе биде последна.

Вчерашната ревија инаку беше спектакл на кој настапија Бој Џорџ, Парис Џексон, а како модели се појавија и Дита вон Тис, актерката Рози де Палма и други пријатели на дизајнерот, и секако манекенки од различни генерации како Ирина Шајк, Џиџи Хадид и Карли Клос, Карен Елсон и Естел Лефебр.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.