Кинеската пејачка и актерка Гао Лиу доживеала голема несреќа по пластичната операција. Таа сподели фотографии од носот со своите следбеници на социјалната мрежа Weibo … односно недостатокот на истото.

Имено, операцијата тргнала наопаку, па Гао Лиу завршила со назална некроза, што би значело дека ткивото навистина било мртво. Попопуларната кинеска актерка се обратила до пластичен хирург, откако добила препорака од пријател.

„Сето тоа траеше четири часа. Мислев дека ќе станам поубава по операцијата”, напишала Лиу, која на Weibo платформата ја следат околу пет милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yonca Magazin (@yonca_haber365)

Како што вели таа, по операцијата, носот честопати се вкочанувал, воспалувал неколку пати, а кожата станувала потемна и потемна. Таа споменала дека се чувствувала толку лошо, што дури размислувала и за самоубиство.

На крајот завршила во болница, а поради компликации ќе мора да почека барем уште една година за да и биде реконструиран носот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.