Кристина Димитријевска (23) од Тетово вечерва ќе ја претставува Македонија на финалето за изборот на „Мис Глоуб“ за 2019 годин, кое по 47. пат по ред ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора.

 

View this post on Instagram

 

#views

A post shared by Kristina💧 (@kristina.dimitry) on

Димитријевска, инаку позната и како поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

 

View this post on Instagram

 

🇲🇰🇲🇰🇲🇰

A post shared by Kristina💧 (@kristina.dimitry) on

Таа веќе три недели е во Црна Гора каде заедно со уште 50 учеснички и со Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација, се подготвува за вечерашното финале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.