Италијанскиот креатор Џорџо Армани одлучи вчерашната ревија на Миланската модна недела да ја одржи без публика поради ширењето на коронавирусот во Италија.

Тој колекцијата за есен-зима 2020/21 ја претстави во празна сала, а модната публика ја виде преку видео.

Досега во Италија починаа четворица од коронавируст, а 150 се заразени. Италија воведе карантин и ограничено патување и движење за десетици илјади жители во 11 северни градови. Исто така, затворени се повеќе институции и училишта, одложени се бројни настани, а италијанската влада го прекина одржувањето на познатиот карневал во Венеција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.