Почина славниот француски моден дизајнер Тјери Муглер, чии креации носеа Дејвид Боуви, Бијонсе и Леди Гага. Муглер имаше 73 години.

Неговиот менаџер кажа дека починал од природни причини.

Шерон Стоун, Џорџ Мајкл, Ријана обожаваа да ги носат неговите креации. Тој го дизајнираше костумот на Дејвид Боуви за венчавката со Иман. Тој исто така го дизајнираше славниот „влажен“ фустан на Ким Кардашијан за Мет гала во 2019.

Од светот на модата делумно се повлече во почетокот на овој век, по што повремено соработуваше со Леди Гага и Бијонсе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.