Петта година по ред во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации се одржува официјалниот избор „Мажи на годината“.

Настанот ќе се одржи последната недела од ноември, месец посветен на машкото здравје.

Гламурозен настан кој се одржува во повеќе од 70 земји ширум светот, на едно место ги обединува најистакнатите имиња во претприемаштво, здравство, образование, политика и култура, настан за кој многумина ќе кажат дека е исклучително важен поттик за младите џентлмени. На наше големо задоволство повторно ќе им оддадеме почит и ќе ги избереме 13 најуспешни мажи за оваа година. Целта на овој настан е да ги поттикнеме мажите што повеќе да ги негуваат добрите навики, манирите, стилот на живот, хедонизмот и успехот, велат организаторите.

Како и секоја година така и оваа, за изборот на најуспешните мажи ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 члена – ноивинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, спортисти итн.

Традиционално и публиката ќе има можност директно да учествува во изборот, и да номинира една личност во категоријата на избор на „Маж на годината според социјални медиуми“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.