Филигранскиот накит сам по себе е специфичен и претставува предизвик за креативноста на секој поединец. Овозможува слобода во создавањето и втемелувањето на традицијата и новото. Оттаму идејата да дизајнирам сопствен накит и тој да биде изложен во моето ателје.

 

Во ателјето е застапена широка палета на производи, како брошеви, огрлици, прстени, обетки, бразлетни, слики и други предмети кои се изработени од традиционална филигранска техника и модернистички накит од чисто сребро, вели Павлина Шикалеска, успешен уметник и изработувач на филигран.

Семејството Шикалески од Охрид основачи на атеље за филигран и со децении се занимаваат со производство на накит од сребро или филигран, а традицијата ја продолжува Павлина Шикалеска. Родена е во Охрид и уште од најмала возраст почнала да изработува филиграни со срмен конец. Мотивите кои ги изработува денес се од филигранска жица со различни  геометриски фигури од цветови до  животни. 

Она што е важно е што Павлина им овозможува на туристите кои посебно се интересираат за рачната изработка на нашиот накит и тоа на лице место во самото ателје имаат можност да ја видат целосната постапка на правење парче накит од топење  на сребро, изработка на жица и на крај спојот на жиците во парче накит. Исто така таа го развива и „filigree experience“ начин на самостојна изработка на накит од самиот купувач како и часовите за филигранство кои ги посетувале и неколку ученици од странство.

Од каде идејата да отворите ателје и каква палета на производи имате?

Филигранскиот накит сам по себе е специфичен и претставува предизвик за креативноста на секој поединец. Овозможува слобода во создавањето и втемелувањето на традицијата и новото. Оттаму идејата да дизајнирам сопствен накит и тој да биде изложен во моето ателје. Во ателјето е застапена широка палета на производи, како брошеви, огрлици, прстени, обетки, бразлетни, слики и други предмети кои се изработени од традиционална филигранска техника и модернистички накит од чисто сребро, вели Павлина.

Кажете ни како изгледа процесот на рачната изработка – филигран?

Процесот за изработка на филигран започнува со подготовка на сребрена жица со чистота 999 во различни димензии. Жиците се спојуваат и прво се обликува надворешниот изглед на производот. Потоа се пополнува внатрешноста со најтенка жица од 0.25 милиметри со која се изработуваат традиционалните елементи автентични за македонскиот филигран. На крај самиот производ се дообработува за да го добие финалниот изглед. Барањата на купувачите ги спојуваме со својата креативност и го изработувам она што тие го бараат. Тие се задоволни и тоа ме исполнува.

Што е она што ве прави различни од останатите? 

При дизајнирањето на накит останувам веродостојна на себе со што накитот добива печат на оригиналност, своеобразност и уникатност. Инспирација најчесто добивам од секојдневниот живот, од природата и од сѐ она што ме опкружува. Плановите за 2022, како кај сите, така и кај мене ќе зависат од пандемијата, бидејќи реално таа многу влијае на секојдневниот живот. Се надевам дека оваа година ќе го надоградам моето знаење со други техники, затоа што за мене предизвикот да учам ја поттикнува мојата креативност. 

Колку ви помогна во работата проектот на ЦУП како женски бизнис?

Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спроведен од Центар за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy ми помогна на повеќе нивоа како медиумска застапеност и стручна надоградба во изработката на накит со што ја проширив палетата на производи кои ги освоија купувачите со модерниот изглед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.