Најпознатите италијански брендови PHARD и ZU+ELEMENTS повторно се во срцето на Скопје! Новоотворена продавница е лоцирана во Градскиот трговски центар, на приземје (поранешна ЛИСКА – поглед Жена парк), а во неа можат да се најдат парчињата од најновата колекција пролет/лето 2019, и тоа од двата бренда.

Дамите своето омилено парче за оваа сезона можат да го одберат од колекцијата на PHARD, а сезонава дефинитивно токму овој бренд треба да е вашиот избор ако сакате да бидете во тренд, единствени и урбани во секоја прилика. На работа, додека го пиете вашето денско кафе или за вечерно излегување. PHARD едноставно нуди парчиња кои морате да ги имате! Парчиња во боите на пролета и летото, модели кои се едноставно неодоливи.

Не ја пропуштајте можноста да го обновите вашиот орман со нови и свежи модели во кои ќе блеснете на секоја забава на која ќе бидете поканети. Бидете уникатни и женствени и оваа пролет/лето сезона со моделите на еден од најпознатите италијански модни брендови – PHARD.

ZU+ELEMENTS, пак, е колекција наменета за сите урбани фраери кои не се откажуваат од младешкиот изглед. Откријте што ни носи новата ZU+ELEMENTS колекција и кои сеmust have’ парчињата за перфектен изглед. Секоја сезона носи нови бои, модели… А овој пат акцент е ставен на деталите. Она што е во центарот на вниманието, особено кога станува збор за маиците, е ’крстот’ како печат на сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.