Некои од најпознатите топ-модели на светот имаат специфични диети кои за нив се покажуваат многу ефикасни.

Еве како се хранат некои од најславните манекенки:

1. Жизел Бундшен – диета базирана на билки

Нејзината диета се состои од 80% зеленчук, интегрални житарки, кинoa, бобинки, како и чисто месо, како што се стекови, патка и дива лосос.

Жизел не јаде брашно, шеќер, сол, не конзумира кофеин и го намалува овошјето на минимум.

2. Лили Олдриџ – „Сакара“ – диета со испорака на оброци

Овој бренд „Сакара“ е многу популарен. Не трошите време на пазарење, сецкање, миење, лупење, подготовка, сè е доставено до вашата врата.

„Сакара“ испорачува свежа риба, вегетаријанска појадок, ручеци, вечери и пијалоци.

3. Керолин Марфи – Алкална диета

Алкалната диета се состои од многу овошја, зеленчук и јаткасти плодови, а треба да се избегнува месо, риба, млечни производи, јајца и алкохол.

4. Миранда Кер – Диета според крвната група

Оваа диета се заснова на различни намирници на храна во зависност од крвната група. Крвната група на Миранда Кер е А, па нејзината диета се базира на многу зеленчук и растителни влакна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.