Светски познатиот моден бренд „Кензо“ на вчерашната ревија во Париз ја презентираше колекцијата инспирирана од македонскиот документарен филм „Медена земја“ чии режисери се Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Магазинот „Вог“ објави статија за ревијата во која се вели дека новата колекција беше отворена со покриен костум за пчелар кој е инспириран од документарниот филм за „пчеларот во рурална Македонија во 2019 година, што служеше како референца.

Филмот го прикажува контрастот помеѓу неговиот протагонист, дама која ги почитува пчелите и го зема само медот што и е потребен за да преживее – „половина за мене, а половина за тебе“ – и нејзините работливи соседи, кои ги исцрпуваат природните ресурси и завршуваат со убивање на пчелите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.