Новата иновативна и патентирана состојка го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28.000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба. Таа е дел од состојките во револуционерната линија на производи за коса на „Ревалид Свис кер“ во Македонија. Производите се наменети за спречување опаѓање на косата и стимулирање на раст на косата на швајцарскиот бренд „Ревалид“.

Чест ни е и задоволство во Македонија да ја промовираме линијата на „Ревалид Свис кер“ за нега на коса, поточно серумот за раст на коса и шампонот за стимулација на раст за коса. Токму овие два производи се револуционерни и се достапни за секого, по пристапни цени кои може да се купат во аптеките низ државата. Интересен факт е дека овие производи содржат иновативна и патентирана состојка Реденсил, која го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28.000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба, велат од компанијата.

На големата промоција на револуционерната линија вчера присуствуваа доктори, еминентни и познати личности.

Првиот дел од настанот докторите ги едуцираше меѓународниот експерт, доцент доктор Жана Казанджиева, од клиниката за кожни и венерични болести УМБАЛ Александровска од Софија на тема Швајцарско решение против опаѓање на косата. Свое обраќање имаа директорот на Ewopharma AG Претставништво Скопје, Ацо Степаноски, за 60 години постоење на компанијата и бренд менаџерот, Верица Ристовска која говореше за 25 години од брендот „Ревалид“.

Во одредена мера опаѓањето на косата е дел од природниот процес на стареење: 40 отсто од мажите ќе имаат видливо опаѓање до 35-тата година, додека 50 до 70 проценти од жените ќе страдаат од некаква форма на опаѓање на косата до својата 65 година. Затоа потребата од користење на овие производи е неминовна. Тие ја содржат состојката Реденсил, која е патентирана, активна состојка од областа на регенеративнито медицинско истражување. Научно е докажано дека Реденсил го стимулира растот на косата, истовремено намалувајќи го губењето на истата. Клиничка студија докажала дека Реденсил има насочен ефект врз матичните клетки на фоликулот на влакното кои се извор на нова коса, додаваат од компанијата.

„Ревалид“ е бренд основан во 1992 година во Швајцарија специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега на коса и против опаѓање на коса. Долгогодишната работа на брендот „Ревалид“ се базира на научни истражувања, иновации, висок степен на експертиза и, се разбира, традиција. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.