На социјалните мрежи се споделува најновиот бизарен тренд. Станува збор за фармерки за кои не сме сигурни дека заслужуваат да се најдат во таа категорија на облека.

Ако може да се суди по сликите, носењето и самото облекување на овие панталони би било вистински предизвик.

Тие се направени од бели растегливи траки и мали делови тексас кои повеќе откриваат отколку што покриваат.

Цената на овој модел фармерки е околу 50 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.