Дваесет и четиригодишниот Хари Брант, син на супермоделот Стефани Сејмур и милијардерот Питер Брант (73), вчера ненадејно почина.

Со огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот сакан син Хари Брант ја загуби битката со зависноста и почина поради случајно предозирање од лекови на рецепт. Нашите срца се скршени. Хари сакаше да ја надмине својата зависност и беше на само неколку дена од повторно заминување на рехабилитација. Засекогаш ќе бидеме тажни што животот на Хари го прекина оваа разорна болест. Ве молиме да ја дозволите приватноста на нашето семејство додека се обидуваме да се справиме со загубата на нашето убаво, убаво момче, се вели во соопшетнието за јавноста од семејството.

Следејќи ги стапките на неговата мајка, Брант позираше во кампањи за италијанскиот Вог и Балмен.

Сејмур (52) и нејзиниот сопруг ги делат и синот Питер Втори (27) и ќерката Лили Маргарет (16).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.