Поранешната зајачица на „Плејбој“, Енџи Еверхарт е обвинета дека по вербална расправија фрлала јајца кон куќата на нејзиниот сосед, пренесува TMZ.

Кристина Савар тврди дека поранешната манекенка им викала на нејзините деца затоа што не можела да заспијат поради лаењето на нивното семејно куче, што довело до жестока расправија. Савар изјавила и дека истиот ден, околу еден час по полноќ, некој заѕвонил на влезната врата, но таа не сакала да одговори. Следното утро открила дека нејзината куќа е прекриена со жолчки и лушпи од влезна врата до балконот.

Откако се јавила во полиција, Савар ја обвинила поранешната зајачица дека таа ги фрлила јајцата кон нејзината куќа. Сепак, портпаролот на манекенката изјави за Page Six дека Еверхарт нема никаква врска со дотичните јајца.

Енџи имаше корона и кучињата на нејзините соседи не престануваа да лаат од утро до вечер. Факт е дека дојде полицијата, но и дека не сакаа да напишат ниту извештај, соопшти тој додавајќи дека Еверхарт презела законски мерки за да добие забрана за приближување против Савар.

Моделот првпат се прослави во 1995 година откако се појави во неколку изданија на списанието Sports Illustrated во костими за капење. Во февруари 2000 година, таа позираше гола за „Плејбој“. Таа беше во неколку романтични врски во текот на годините, вклучувајќи кратки веридби со Силвестер Сталоне во 1995 година и Џо Пеши во 2000 година. Таа го дели 11-годишниот син Кајден со поранешното момче Чад Стенсбери. Таа исто така беше една од многуте жени кои излегоа со обвинувања против Харви Вајнштајн во 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.