Капутот на кралицата летиција им се допаѓа и на жените кои не го поднесуваат дезенот со животински отпечаток. Особено оваа софистицирана комбинација од црна и сива боја.

Иако последниве две сезони е главен моден тренд, животинскиот отпечаток не успеа да ги убеди сите жени дека конечно дошло времето да попуштат пред него, па „тигрестиот“ дензен и по толку време има лоша репутација на евтино и кич.

Сепак, тоа не се однесува на шпанската кралица Летиција, која веќе неколку пати досега се појавува во облека со животински дезен, особено питон и леопард. Така било и пред некој ден, кога се појавила на состанок на непрофитабилната Фондација за правилно корисстење на шпанскиот јазик во медиумите.

За оваа официјална посета Летиција избрала женствена и шик комбинација, во која диминура капут со леопардски дезен, модел на модната куќа Хуго Бос, која е прв пик на кралицата со години.

Капутот со крој на сако 46-годишната кралица го искомбинирала со црвен комбинезон од истаата модна куќа, кој во горниот дел ја следи линијата на телото, а ногавиците кои достигаат малку над зглобот се со поширок крој.

Посебна нота на комбинезонот му даваат копчињата на ракавите и ременот кој дополнително ја нагласува половината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.