Руската инфлуенсерка Анастасија Тропицел почина на 18-годишна возраст во несреќа во Бали.

Анастасија и нејзиното момче Виктор Мајданович (30) се возеле мотори еден покрај друг, пишува „Дејли мејл“.

Виктор раскажал дека нејзиниот мотор „кавасаки“ почнал да се занесува при брзината од 96 километри на час и таа наскоро изгубила контрола и се забила во оградата. Притоа, Анастасија се здобила со тешки повреди на главата, поради кои починала.

Од Анастасија се збогува нејзината мајка на нејзиниот инстаграм-профил, на кој има 1,2 милиони следбеници.

За жал, нашата Настенка повеќе не е со нас. Не можам да верувам. Мама, напишала таа.

Нејзиното момче Виктор исто така се простил од неа:

Мојата сакана девојка повеќе не е со нас, напишал тој.

Анастасија станала блогерка уште од 12 години, а го заработила првиот милион на 15 години. Нејзините бројни обожаватели се збогуваат со неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.