Модна вечер на која ќе бидат презентирани креации на млади таленти од Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, ќе се одржи во вторник (19.11.) со почеток во 18 часот во просториите на Француски институт во Скопје.

Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во рамките на своите студии секоја година ги наградува своите најдобри студенти со посета на градот Париз преку „Саемот за мода“, музеи и други институции. Како плод на постојаната успешна соработка, како и секоја година, престојот на овогодинешните наградени студенти : Мусли Каралити, Меланија Николоска, и Марина Карчевска е подржан од „Францускиот иститут “во Скопје.
На 19-ти ноември токму излогот на институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти ќе ги изложат наградените дизајни, а просторот домаќин каде тие пред присутните ќе ги споделат своите впечатоци, импресии и инспирации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.