“Добредојде Macedonia Welcome Centrе“ (DMWC) во соработка со Француската амбасада на 5 март во Музејот на македонската борба ќе организираат модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури“-“Made in North Macedonia: Women’s Skills”
Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ е приватна образовна институција чија основна цел е да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија.
Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствува посветено и сериозно во едукацијата на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера. За само пет години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери со исклучително професионално изработени модни колекции под директно менторство на професорот Изет Цури , ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти.

Денес институтот котира на самиот врв на едукативната мапа во нашата земја и по повод 5-те години успешна работа во просторот на музејот ќе биде организирана модна ревија на која ќе бидат претставени триесет креации на студентите на овој институт, специјално изработени за овој настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.