26-годишната Ванеса ги победи останатите 117 натпреварувачки, а она што најмногу остави впечаток е што таа е првата Мексиканка која ја добила титулата Мис на светот. Таа беше крунисана од минатогодишната победничка на Мис на светот, Мануши Чилар и блескаше од среќа.
Не ми се верува, мислам дека сите девојки ја заслужија. Сакам да ја направам мојата земја горда и се надевам дека ќе допрам до колку што можам повеќе срца и ќе им помогнам на најмногу луѓе што можам – дел од изјавата на Ванеса во првото интервју по освојувањето на титулата.
Инаку новата победничка на Мис на светот е дел од бордот на директори на центар за рехабилитација на девојчиња, има работено како модел и ТВ презентер, а вклучена е и како волонтер во многу хуманитарни организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.