Војвотката Меган Маркл и принцот Хари се појави на венчавката на нивната пријателка, модната дизајнерка Маша Нону и нејзиниот избраник Мајкл Хес.

Венчавката се одржала во луксузна вила во Рим, а влезот го чувала полиција за да не може никој да влезе освен очекуваните гости.

Меган Маркл за оваа прилика облекла црн фустан со проѕирни предимензионирани ракави украсени со ситни кристали, а косата ја кренала во елегантна пунџа.

Нејзиниот фустан го потпишува француската модна куќа „Валентино“, а цената му е 8.900 фунти, односно околу 10.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.