Манекенката Селин Ван Оцел изгуби дел од облеката и се сопна за време на изборот за убавина на Мис Белгија 2020.

И покрај незгодната ситуација, 23-годишната учесничка победи на натпреварот, што се одржа на 11 јануари во театарот Проксим во Де Пан, објавија медиумите.

Видео снимките од настанот прикажуваат како новата Мис Белгија излегува на сцената со долг фустан. Додека таа се спушта по скалите, се сопнува, но брзо застанува и продолжува да оди, насмеана пред публиката. Меѓутоа, дел од нејзината облека како градник, се лизга од облеката и паѓа на земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.