Свадбените фантазии на познатата инфлуенсерка Никица Ацева и на моделот и блогерка Ангела Ѓоргиева станаа реалност, во пресрет на настанотМодна ноќ на невестите 2020 (Тhe Bridal Fashion Night 2020) што ќе се одржи на 8 февруари (сабота) во хотелот „Мериот“. Во специјално изработениот едиторијал, како најава за шоурумот и ревиите во склоп на програмата, тие блеснаа во ним омилените креации од сите учесници.

Никица Ацева промени четири стилски различни, ама подеднакво убави и раскошни тоалети од ателјето „Al Aparel“ на Наташа Карчева, бутикот за венчаници „Лебед”, косовскиот бренд „Menakon Creations“ и ателјето „Anna Bora“, пред да го изговорат „судбоносното да“ со саканиот Дамјан Стојанов, стилизиран во елегантен црн костум од „Bitsiani“, како секогаш добитна формула за младоженици.

Софистицираниот и уникатен италијански накит од „SIGMA Jewelry“, пак, го облагороди и му даде посебно луксузна нота на нејзиниот целокупен изглед. Ангела Ѓоргиева, од друга страна, oсобено си го препозна сензибилитетот во венчалните фустани со потпис на „МCouture“, издвојувајќи ги личните фаворити кои таа би ги носела на свадбената церемонија во блиска иднина, пред објективот на фотографот Богдан Глишиќ.

Креациите на споменатите дизајнери и брендови, но и многу повеќе, јавноста ќе има можност да ги погледне, а и купи на претстојното издание на The Bridal Fashion Night, кое ќе се одржи наредната сабота во Skopje Marriott Hotel.

Главна новина на настанот е шоурумот во текот на денот, кој ќе трае од 13 до 18 часот. Влезот е слободен. По завршувањето на шоурумот, Скопје Мериот ќе организира и невестински коктел во претседателскиот апартман, со почеток од 18 часот, кадешто идните невести ќе имаат можност да ги дознаат сите бенефити и предности, како и кратка презентација за организација на свадба во хотелот. Вечерните часови се стандарно резервирани за модните ревии, поточно сценското шоу на кое публиката од земјата и странство премиерно ќе ги види најновите модели на венчаници и свечени фустани за тековната и идната сезона. Пријавувањето за влезници е веќе во тек, а сите заинтересирани за присуство може да аплицираат преку социјалните мрежи на Тhe Bridal Fashion Night и Skopje Marriott Hotel.

Марина Трајковска е идеен автор на кампањата „Marry Мe“, чии заштитни лица се Никица Ацева и Дамјан Стојанов, oвековечувајќи ја нивната љубовна приказна на автентичен начин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.