Војвотката од Сасекс, Меган Маркл првпат се појави на јавен настан со нејзиниот син Арчи, во друштво на Кејт Мидлтон и нејзините три деца.

Двете војвотки ги гледаа принцот Хари и Вилијам на хуманитарниот поло натпревар, но мајките забележаа нешто и веднаш ги преплавија социјалните мрежи.

Критиките беа упатени кон начинот на кој Меган го држи нејзиното новороденче, а најголемиот дел се однесуваа на тоа дека во секој момент може да го испушти од раце.

„Изгледа дека ќе го испушти бебето во секој момент“, „Таа не знае како да го држи сопственото бебе“, „Начинот на кој таа го држи малиот Арчи…Страшно“, „Можела барем да му стави капче и чорапчиња на кутрото бебе“, „Од начинот на кој го држи, се гледа дека не го чува“, беа само дел од негативните коментари што беа објавени на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.