На домашната платформа за уметност и дизјан „Скала“ може да се видат и да се купат уникатните креации на македонските дизјанери кои учестуваа на последното издание на Моден Викенд Скопје кое беше организирано како изложбено-продажен шоурум „Свесна Мода“.

Моден викенд Скопје во партнерска соработка со берлинската агенција ONLYAFEW направи селекција и го прикажа најдоброто од одржливиот дизајн на неодамна одржаниот 22. Моден Викенд Скопје, пружајќи им максимална поддршка, како на истакнатите брендови, така и на перспективните таленти кои почитуваат еколошки, занаетчиски и етички принципи на работа, велат од Моден викенд Скопје.

По нивната презентација на изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, мноштво креации завршија во рацете на задоволните купувачи. Преостанатата богата понуда од повеќето домашни учесници, пак, сега е повторно достапна во новата е-продавница на македонската платформа за уметност и дизајн Skala. Ова е единствената „адреса“ каде од денес ќе може да се видат и купат онлајн сите парчиња со големи поволности.

Имињата кои ја продлабочуваат заедничката мисија на FWSK, ONLYAFEW и Skala за промоција на свесната и одржлива мода во нашата земја се: Ирина Тошева, Terziya Movement, Minnimal, Стефанија Насеска, Seddum, Котев Ксенија, Tessuti Art, Krenare Rugova, PSSBL, LIPA Ceramics, Siideess и Саксија Urban Pots. Во текот на наредните месеци, споменатите дизајнери ќе изненадат и со ексклузивни капсулни колекции.

За потребите на онлајн продавницата Скала се изготвени наменски лукбук фотографии, дело на Антонио Станков од тимот на Џолев и Уметностите, пред чиј објектив се најдоа моделите Ивона Ристовска и Ивана Ристовска од агенцијата Подиум во просториите на Јавна Соба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.