Лукот, лимоновиот сок и маслиновото масло претставуваат една од најдобрите комбинации, како за зајакнување на имунитетот така и за губење килограми.

Комбинацијата на лук и лимон го регулира шеќерот во крвта, го редуцира нивото на триглицериди во крвта, ја подобрува циркулацијата, го регулира лошиот холестерол, но истовремено го покачува и нивото на добриот холестерол.
Состојки:
1 лимон
3 чешниња лук
1 чаша топла вода
3 капки маслиново масло

Оваа комбинација претставува одлична превенција на рак и канцерогени клетки. Исто така, ги исфрла токсините од организмот и го зајакнува имунитетот.

Приготвување:
Исечкајте лук, додајте вода, лимонов сок и маслиново масло.
Оставете ја да отстои добиената смеса околу 20 минути.
Промешајте и процедете ја течноста во шолја.
По желба, можете да додадете мед или јаворов сируп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.