Моден Викенд Скопје три дена беше горд домаќин на дваесет и осум дизајнери од цела Европа, како и на неколку млади и етаблирани имиња од земјата и регионот, обединивајќи ја заедно модата во еден шнит. Поеднакво моќен, кохерентен и поразличен од кога и да е, несомнено беше и графичкиот „крој“ на настанот.
Модната индустрија секогаш оди рака под рака со останатите визуелни уметности. Следејќи ги светските трендови, Моден Викенд Скопје оваа сезона посебно внимание привлече со графичкиот изглед и комплетниот брендинг. Впечатливата графика во црвена и сина боја го „облече“ целиот настан во висока мода, зад која се потпишува креативното студио Do:More.
„Создадов имагинативна шема на обединување во доминантна црвена боја, симболизирајќи топлина и блискост, во согласност со пораката која годинава ја пренесе Моден Викенд Скопје со проектот Обединета Мода. Предизвик беше да се направи нешто повеќе од само графика.“, вели Јана Марковска, креатор и сопственик на графичкото студио Do:More.
Do:More храбро ја напушти комфорната зона на графичкиот дизајн и ja зајакна визуелната претпознатливост на најголемиот моден настан во земјата. Смело, но на цврти темели. Do:More поставува нови визуелни стандарди и ја акцентира важноста и потребата од квалитетен бренд идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.