Шпанската групација „Индитекс“, во чиј состав влегуваат продажните ланци „Зара“ и „Масимо Дути“, објави дека ќе затвори околу 1.200 дуќани низ цел свет, бидејќи ќе се фокусираат на зголемување на интернет продажбата, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Една од водечките светски ланци за продажба на гардероба, бележи финансиски губиток во првиот квартал во 2020 година и најави план за реструктуирање на работата вреден 2,7 милијарди евра.

„Индитекс“, кој го основа шпанскиот милијардер Амансио Ортега, во наредните три години ланира да потроши 900 милиони евра на подобрување на онлајн продажбата, но и на физичките продавници кои имаат добар промет.

Се проценува дека мрежата на квалитетни физички продавници во комбинација со мрежа на ИТ продавници ќе донесе долгорочен раст на продажбата за четири до шест отсто, се наведува во соопштението на компанијата.

„Индитекс“ за првите четири месеци во оваа година пријави нето загуба од 409 милиони евра за разлика од профитот од 734 милиони евра што го имаше во истиот период лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.