Mакедонската модна етикета „Лудус“ го прославува 10 годишниот јубилеј од основањето со изложба и шоурум насловен како „10 години потоа” што ќе се отвори вечерва, на втори октомври во 20 часот во галеријата „Акантус“ во Скопје.

Линијата започна како мала женска колекција наменета за клиентите на продавницатa, но подоцна се разви во успешен бренд за безродова мода, унисекс парчиња што се изработени исклучиво од стопроцентни материјали. Лудус е присутен во Словенија и Австрија преку учествата на модната недела во Љубљана и повеќе саеми и фестивали во Виена и Грац каде е добитник на наградите Big SEE Fashion Design Award 2018 и наградата NJAL+ на фестивaлот Асембли во Грац. Од неодамна селекција од последната колекција се продава и на лондонската култна интернет продавница Unconventional.
Со огромно задоволство Лудус ја најавува соработката со Јованка Попова, етаблирана кураторка во сферата на современата уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.