Свила, бисери и свилено жерсе се изборот на материјали за новата лимитирана сензуала и софистицирана модна колекција на Ивана Кнез, насловена како Be Me – Be drAMA. Таа со својата фото приказна ја прикажува Драма од почетоците на двата бренда Drama & Lovecats, костимски пристап на современа мода, проткаена со многу емоции, чиста страст, бисерна љубов, продуцирана од екипа на луѓе што поместува граници за квалитет.

Денеска полнам 34 години и никогаш не сум се чувствувала подобро. Изгледот доаѓа сам по себе, заедно со прекрасен тим на луѓе е возможно да се постигне се. Во време кога како никогаш претходно фокусот е на личен развој, физички и психички, ставам акцент на самодоверба и развој на карактер. Промена на сопствени стандарди со цел подобрување, промена на тело и промена на основен сетинг на размислување, за поквалитетен живот, вели Ивана Кнез, сопственичка и моден дизајнер на Драма Студио.

Кнез сака да пренесе порака до сите, треба заради себе, да бидат подобри секој ден. Да не се задоволуваат со просек, да бараат квалитет во животот, и да ги уриваат општествените норми. Самите да бидат против систематизацијата, како и да се слободни во изборот за себе и личните очекувања. Таа вели дека финалната индивидуална цел секому е луксуз и луксузен начин на живот, со правилен тим и постојана работа на себе, реализација на сите идеи и соништа, се е возможно.

Со оваа колекција сакаме да информираме дека ја продлабочуваме соработката со брендот Сара Фешн, како моден дизајнер и со тоа ја најавуваме новата премиум колекција Сара Ексклузив, која наскоро ќе ја пласираме на модниот пазар во нашата земја, потенцира Кнез.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.