Кинеската инфлуенсерка Лиса Ли, која има 1,1 милиони следбеници на кои им го пезентира својот гламурозен живот, зад фотоапаратот живее како свиња, а прва да се увери во тоа имала можност сопственичката на станот во кој живеела Лиса. Бесната жена го снимила она што го затекнала во станот откако си заминала инфлуесерката.

Лиса живее во далеку од луксузен стан во Ксијан во северна Кина, полн со ѓубре, мувлосана храна, измет од куче. Овие услови си ги создала самата неуредна инфлуенсерка.

Видеото од „гламурозната кочина“ е посебно актуелно, зашто милиони корисници на интернет сакаат да ги видат доказите за двојниот живот на инфлуесерката.

Сопственичката на станот дури тврди дека фирмите за чистеење одбиле да го исчистат станот откако си отишла Лиса. Вели дека не може да верува како моѓе „толку убава жена да живее како свиња“.

На критиките на јавноста Ли одговорила дека ќе го исчисти станот.

Јас сум одговорна, ќе го исчистам станот и ноќе ќе чистам ако треба, вели таа пред следбениците на видео што самата го снимила, но дури 60.000 од следбениците не веруваат дека е искрена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.