Идните невести ги одбраа најубавите венчални фустани на седмото издание на “The Bridal Fashion Night”, настан кој е комплетно посветен на свадбениот ден, а се одржа во „Скопје Мериот Хотел“ во понеделникот вечерта.

Настанот беше во организација на Моден Викенд Скопје и „Скопје Мериот Хотел“. Посетителите уживаа во  последните колекции на венчални фустани и свечени тоалети од модните дизајнери: „Minna Fashion”, „Anna Bora Atelier” наречена „Пчела во снег”, студио „Marie Antoinette” и за крај „JZJ by Zlatko Jovanovski” – Couturier со колекцијата “JZJ THE GREAT”. „Лисца” преку моден перформанс ги претстави најновите трендови на долна облека за идните невести.

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу” кое е специјализирано арт-студио за изработка на несекојдневни фустани од свежо цвеќе и оваа година  на „The Bridal Fashion Night” се претстави со нова и единствена креација.

Модната куќа „Астибо“ исто така беше дел од овој моден настан со својата колекција „ASTIBO MAN TUXEDO”, кои ја претставија својата нова машка линија за сите идни младоженци со стил.

Специјален гостин на настанот беше поп – пејачката Фјола Морина која зачекори на модната писта во последната креација на дизајнерот “JZJ by Zlatko Jovanovski ”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.