Диетата која вклучува консумирање две банани дневно и не предизвикува никакви нелагодности, е најлесната програма за исхрана која некогаш е измислена. Доволно е една недела за да изгледате онака како што отсекогаш сте посакувале.

Бананите или фантастичното супер овошје содржат три вида шеќери: фруктоза, сахароза и глукоза, но и хранливи влакна, а токму оваа комбинација прави да се чувствувате сити подолго време.

Истражувањата покажаа дека две банани дневно се доволни за да издржите тренинг од 90 минути.

Доколку и вие сте љубител на банани, оваа диета веројатно ќе ви годи, а најважно од сè е тоа што навистина нема да чувствувате глад.

За седум дена може да изгубите до 5 килограми од вашата телесна тежина, но пред да почнете да ја практикувате задолжително консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.

Појадок

Изедете само банана. Доколку сте гладни после 5 минути, слободно може да изедете уште една банана. Не треба да јадете некое друго овошје за појадок, но доколку мислите дека бананата нема да ви биде доволна, може да изедете и две до три лажици варен ориз. Јадете само зрели банани.

Ручек и вечера

Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, но идеално е доколку вечерате најдоцна до 18 часот. Што се однесува до намирниците што треба да ги јадете за ручек и вечера, не сте ограничени во изборот и може да јадете она што вообичаено го јадете.

Меѓутоа, трудете се порциие да бидат помали и исто така избегнувајте десерти. Јапонките се препознатливи по витката линија, но тие се трудат после ручекот никогаш да не бидат целосно сити.

Исто така не би било лошо доколку ги избегнувате јаглехидратите, бел леб, бел ориз, шеќер и бело брашно.

Само вода

Во текот на диетата единствена течност која ви е дозволено да ја пиете е водата, минерална или обична. Трудете се водата која ја пиете да биде на собна температура. Кога ја пиете, земајте по помали голтки, немојте да се препивате.

Во текот на денот може да испиете едно кафе, чај или свежо цеден сок. Во посебни пригоди дозволено ви е да се напиете и една чашка пиво или вино.

Ужина

Во околу три часот попладне може да изедете две коцки темно чоколадо или нискокалоричен колач. Крофни, сладолед, чипс, грицки и слично, не ви е дозволено да јадете.

Секако би било подобро за ужина да изедете некое овошје, но доколку сте зависни од благо нека не ви биде непријатно да посегнете по нешто нискокалорично.

Рано легнување во кревет

Трудете се да одите на спиење најдоцна до полноќ.

Вежбајте доколку сакате

Во текот на оваа диета не е неопходно да вежбате, но доколку сакате само напред. Сепак трудете се што повеќе да пешачите.

Водете дневник

Водете дневник за тоа како се чувствувате и што сте јаделе во текот на денот. Исто така на Интернет може да најдете многу форуми и да размените некое искуство со другите луѓе кои исто така се на овој режим на исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.