Џемпер од 26.800 денари, со попуст се продаваше во Скопје за 21.440 денари, на традиционалниот црн петок минатата недела. На официјалната „Фејбсук“ страница на трговскиот центар е објавена фотографија од џемперот со двете цени.

Она што е интересно се оригиналните коментари под фотографијата:

Дали може на 48 рати – вели еден од нив.

Со бубрег може ли да платам, дали џамаданчево чува од магии, може ли трампа за „голф 3“, ова е цена за целиот рафт, се дел од оргиналните коментари на граѓаните.

Еден од нив прашува дали мечето на џемперот поткажува на испити, а друг дали во ова цена влегува и зимување на Алпите.

Замена за стан во Македонски брод, Со овие пари Југо ќе купам, Дали пајак го плетел – пишуваат останатите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.