Изборот за Мис Универзум ќе се одржи на 8 октомври во МОБ, соопштија на денешната прес конференција организаторите на настанот.

Во пресрет на најпрестижното светско натпреварување Мис Универзум кое на жените им овозможува да се истакнат не само со својата убавина, туку и со својата визија и вредности, а со кои можат да придонесат во општеството, благодарение на модната агенција Даман од Турција оваа престижна светска манифестација е поблиску и до нас, односно годинава за првпат ќе има учесничка и од нашата држава, беше истакнато на настанот.

Светскиот избор годинава ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, и тој слави културна различност, поддржува проекти за општествена одговорност и воедно ги спојува сите култури и различности од целиот свет.

Минатата година манифестацијата се одржа во Сан Салвадор, а круната ја однесе 23-годишната Шинис Паласиос од Никарагва. Изборот беше впечатлив и по тоа што во финалето поминаа и две трансродни кандидатки, што беше прв ваков случај во историјата, а тоа беа убавиците од Португалија – стјуардесата Марина Машечи, и Рики Коле од Холандија.

Среќни сме што ја добивме лиценцата и поддршката на Мис Универзум, а воедно и можноста да организираме ваков голем настан кој ќе се одржува секоја година“, велат од модната агенција Даман. Домашниот избор Miss Universe – Macedonia ќе се одржи на 8 октомври во Националната опера и балет, а учество ќе земат 20 девојки од целата земја. 20 убавици на едно место, но само една со можност да ја добие круната која ќе ја однесе во Мексико на 73. Избор за Мис Универзум каде заедно со уште 130 девојки од целиот свет ќе се бори за престижната титула, велат од модната агенција Даман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.