Свеж, готвен или цеден, доматот е вистинска намирница со многу бенефити за нашето здравје. Освен тоа, тој може да помогне во намалување на килограмите, а особено е корисен во текот на летните денови.

Прв ден

Појадок : 2 кришки тост од црн леб со малку крем сир и лажичка мед со кафе или чај без шеќер

Ручек : Голема салата со домати со малку сирење (подгответе ја со 350 грама домати, 1 лажица маслиново масло и 2  парчиња сирење)

Ужина : 1 праска или јаболко

Вечера: Тестенини во сос од домати (сварете ги тестенините,а во меѓувреме направете сос во кој ќе исечете 2 моркови на коцки, ќе ги испржите на малку маслиново масло, ќе додадете 50 гр. доматен сос и пржите уште 5 минути. Ваквиот прелив додадете го на сварените тестенини, кои е најдобро да се овесни или јачменови)

Втор ден

Појадок: 200 гр. полумасен јогурт, измешајте со 1 лажица мед и додајте 2 големи лажици овесни снегулки

Ручек: грчка салата

Ужина: парче овошје или шолја кафе со 2-3 кекси од интегрално брашно

Вечера: супа со ослиќ (испржете 2 главици лук на малку масло, а потоа додадете 2 домати исечени на големи парчиња во 2.5 дл супа. Гответе на тивок оган околу 10 минути. Смесата поминете ја низ ситна цедалка, додајте сол, бибер и додајте 125 гр. сварена палента и печени филети ослиќ)

Трет ден

Појадок: Интегрално пециво со 2 лажи полумасно сирење

Ручек: Тортиља со домати (можете да додадете и краставици, пченка, туна)

Ужина: 2 моркови исечкани на стапчиња

Вечера: Печено говедско месо (2 парчиња со 2 домати)

Четврт ден

Појадок: 2 кришки тост намашкани со 1 лажица крем сирење и 2 дл. сок од домат

Ручек: Студен гаспачо

Ужина: Сендвич од 2 кришки тост со сусам, димено мисиркино месо и половина домат

Вечера: Палента со 1 домат

Петти ден

Појадок: 2 дл сок од домати со 2 парчиња тост со малку свеж патлиџан на нив

Ручек: Италијанска салата (зелена салата, со 1 домат и неколку коцки тост леб)

Ужина:  овошна салата со јаболко, киви и нане

Вечера: Салата од домати и краставица со малку маслиново масло

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.