Контроверзната Русинка Елена Малишева, физијатар и автор на популарната руска емисија „Да се живее здраво“ е позната по остриот јазик, јасниот став и по малку непромислените изјави со кои често ја навредува публиката. Последен пат го направила тоа пред неколку дена, изјавувајќи пред милионска публика дека жените постари од 50 години се вишок на овој свет.

Откако разгневила многумина, Елена го појаснила својот став.

Жените сами си го скратуваат својот животен век. Жените треба да раѓаат, а не само да јадат. За жал, понежниот пол обожава сам да си копа гроб со виљушка и лажица, рекла Елена, која е познат заговорник за вежбање, правилна исхрана и оптимална телесна тежина.

Водителката јавно ги искритикувала жените на возраст од 55 до 57 години, бидејќи според статистичките податоци, тие најмногу ги пополнуваат бројките во групата најгојазни.

На крајот сфатив дека дебелината ги носи непотребните луѓе од овој свет, вели Елена алудирајќи на тоа дека ако на човекот воопшто не му е мил животот и со задоволство се труе со прекумерна храна, според неа, не ни заслужува да живее долго.

Светската здравствена организација предупредува дека голем број жени по 45-та година почнуваат да имаат проблеми со килограмите. Елена охрабрува навреме да се позанимавате со тој проблем и да останете активен и „здрав“ член на општеството.

Самата Елена има 59 години и многу внимава на здравјето и линијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.