Диетата со лубеница најдобро е да трае од 9 до 13 дена, но постои и забрзана детоксикација која трае 5 дена. Ако се одлучите за подолгиот план, тој ќе се состои од 2 фази: првите 3 дена се јаде само лубеница, а во втората фаза се додаваат останати намирници, додека пак лубеницата се јаде како ужина.

Втората фаза не е рестриктивна како првата и може да трае од 6 до 10 дена, но не содржи премногу намирници.

Лубеницата ве држи сити:

Во втората фаза, менито изгледа вака: За појадок јадете чинија со овесни снегулки со млеко и неколку парчиња кравјо сирење, за ужина 2 до 3 парчиња лубеница, за ручек пилешки стек или немасно говедско месо заедно со салата направена со маслиново масло и за ужина повторно 2 до 3 парчиња лубеница.

Лубеницата ќе ве држи сити подолго време и ќе ви помогне да одолеете на слатките и на другите грицки кои обично сте ги јаделе.

Лубеницата сепак има маана:

Иако има хранливи вредности, сепак луѓето кои имаат покачено ниво на шеќер мора да внимаваат да не претераат при консумирање на лубеницата. Затоа овие луѓе лубеницата мораат да ја комбинираат со други намирници како леќа, јаболкa, ореви, лешници…

Откако ќе завршите со диетата, за да ја задржите килажата треба да ги замените сите сокови со обична вода и лубеница. Исечете ја лубеницата на мали парчиња и замрзнете ја, а потоа користете ја како мраз и додавајте во ја чаша вода. Исто така, треба да јадете помали оброци, бидејќи само така ќе ги изгубите вишокот на килограми, а лубеницата секако ќе ве држи сити.

Мени за прв ден:

Појадок: парче лубеница, чаша кафе или зелен чај
Ручек: 150g немасно говедско месо, 150g варен ориз, парче лубеница
Вечера: 100g свежо кравјо сирење, парче интегрален леб, парче лубеница

Мени за втор ден:

Појадок: парче лубеница, чаша кафе или зелен чај
Ручек: 100g варени пилешки гради, парче ржен леб, парче лубеница
Вечера: 100g риба на скара, 100g варен ориз, парче лубеница

Мени за трет ден:

Појадок: парче лубеница, парче тост, чаша кафе или зелен чај
Ручек: 50g тестенини со сос од домати, 3 парчиња лубеница
Вечера: Салата од зеленчук, неограничени колични на лубеница

Мени за четврти ден:

Појадок: 2 парчиња лубеница
Ручек: Супа од брокола, парче ржен леб, 2 парчиња лубеница
Вечера: 3 компири средна големина печени во рерна, 2 парчиња лубеница

Мени за петти ден:

Појадок: 3 парчиња лубеница
Ручек: 150g немасно говедско месо, неограничени количини на лубеница
Вечера: Парче ржен леб, 100g кравјо сирење, 3 парчиња лубеница

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.