Кралското семејство реагира на веста дека кралицата Елизабета Втора ѝ забранила на војвотката од Сасекс да носи одредени парчиња накит од богатата кралска колекција додека за војвотката Кејт забраната не важи.

Извори од Бакингамската палата тврдеа дека наводно кралицата многу се налутила што Меган била терсене пред свадбата, се лигавела и си мислела дека е ѕвезда, па на персоналот му велеа „Што сака Меган, тоа и ќе добие”, но и по свадбата продолжила со слично однесување. Одвен кралицата и другите повозрасни членови на кралското семејство не се особено воодушевени од новата снаа.

Меган носи бисерни обетки од кралската колекција, јуни 2018 година

Кралската колекција не е приватна сосптвеност на кралицата, туку на суверенот и неговите наследници и нацијата. Сепак, кралицата поседува и сопствени парчиња накит, круни, тијари, ѓердани и обетки. Таа им ги дава на членовите на кралското семејство за формални пригоди и државни посети, по сопствена дискреција.

Меган ја носи тијарата на кралицата Мери, бабата на кралицата Елизабета

Бакингамската палата објави дека новите строги правила на кралицата ќе се применуваат за Меган во обид да се „одржи ред, хиерархија и предност“ во рамките на кралското семејство.

Кралскиот накит се носи во екстремно посебни пригоди или при државни настани, а едноставно немало многу такви откако Меган стана членка на кралското семејство, велат од Бакингамската палата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.