Американскиот бренд на долен веш, „Викторија Сикрет“ своето име го има изградено по заслуга на згодните манекенки и ревиите ширум светот за кои се зборува долго после шетањето на “ангелите“ по сцена.

Меѓутоа, сега дојде време за промена, така што за првпат во историјата на моделите на долен веш ќе има и “плус сајз“ манекенка.

Лорена Дуран, ќе биде првата манекенка со облини, која ќе прошета по модните писти на Викторија Сикрет. Оваа модна куќа се соочува со падот на продажбата и со губењето на нивната доверба кај купувачите. Конкуренцијата сè повеќе ги “шиша“, а ја имаат изгубено и поврзаноста со купувачите, изјавил директотор Лесли Векснер за тамошните медиуми. Во последните две години, затвориле повеќе од 80 продавници.

Време е за различности. Им благодарам на тимот од Викторија Сикрет што ми ги остварија соништата“ – напишала на својот “Инстаграм“ профил, Лорена.

Дуран својата кариера ја започнала на 17 години. Работела за бројни брендови, а исто така носела колекција на Софија Вергара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.