Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, смета дека во времето додека била бремена од кралското семејство не добивала заштита од лажните вести за неа во медиумите, што, како што тврди, и предизвикало емоционални и психички потешкотии.

Овие тврдења се изнесени во нови документи кои нејзиниот правен тим ги поднел во надлежниот суд во процес кој се води против весникот „Мејл он сандеј“ и компанијата во чија сопственост е весникот.

Триесет и осум годишната војвотка од Сасекс истакнала дека институцијата на британската монархија не и пружила заштита бидејќи станала „предмет на огромен број лажни и штетни натписи“ објавени во печатот додека била бремена, што, како што наведува, кај неа создало големи емоционални проблеми и нарушено психичко здравје.

Меган против весникот и компанијата поднесе тужба поради натпис во кој се објавени делови од порака напишана на рака која таа во 2018 година ги испратила на нејзиниот татко Томас, со кој не е во најдобри односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.