Приказната започнува во 1846 година, кога Жан-Ромејн Лефевре и Полин-Изабел Утиле отвориле слаткарница во Нант. Слаткарницата станала позната под името „Lefevre Utile”. Нивниот син Луис Лефевре Утиле кој го презел бизнисот 36 години подоцна, го инспирирале англиските бисквити од тоа време, но и обликот на чаршафот за маса на неговата баба.

Со тоа, во 1886 година настанале бисквитите „Петит бер“ чие име во превод означува „мал путер”. Некои велат дека обликот на овие кекси е внимателно одбран: има четири агли кои ги претставуваат четирите годишни времиња, 52 засеци кои ги претставуваат 52-те недели во годината и 24 мали дупчиња кои ги симболизираат 24-те часа во денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.