Состојки:

500 гр. брашно

Половина коцка свеж квасец

4 лаж. шеќер

130 мл. масло

1 јајце

200 мл. млако млеко

4 лаж. кокос

За украс

50 гр. кокос

Мармалад по потреба

Варен морков по потреба

Суво грозје по потреба

Прехранбена жолта боја по потреба

Подготовка:

Во млако млеко разматете го квасецот со малку шеќер и брашно и оставете да стаса. Измешајте половина од брашното со шеќерот и маслото, па додадете ги жолчката и кокосот.Додадете го стасаниот квасец и постепено додавајте го останатото брашно додека не се замеси тестото.

На четвртастото тавче ставете хартија за печење, па наредете 15 поголеми топчиња за телото кои ќе ги ставите на одредена оддалеченост.

Изматете белка, со четка премачкајте го секое топче и залепете глава направена од помало топче.

Оставете ги пиленцата во плехот 15 мин. па печете ги во загреана рерна околу 25 мин. на 180 степени.

За тоа време кокосот исфарбајте го со жолта бопја, а мармаладот загрејте го малку.

Готовите пиленца оставете ги да се оладат, па со четка премачкајте ги со мармалад и посипете ги со жолт кокос.

Од сувото грозје ставате очи, а од варените моркови клунови и крилца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.