Со рецепт и брза подготвка можете да ја внесете мексиканската кујна во својот дом.

Потребни состојки:

Интегрални тортиљи

Домат (исечен на тенки кругови или коцки)

Кромид (ситно сецкан)

Кашкавал

Црвено песто

Пиперки (лути или благи)

Маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги тортилите (од долниот дел) на половинки. Наредете ги состојките по желба и завиткајте.

Откако ќе завршите со полнењето, ставете ги кесадиљите во тавче. Кратко пропржете ги на тивок оган додека се стопи кашкавалот.

Почекајте неколку минути да се излади, па послужете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.